Фото: Street Workout Macedonia

Македонските претставници блеснаа на стритлифтинг натпреварувањето Final Rep Slovenian Open

Изминатиот викенд, во Крањ, Словенија, се одржа едно од пореномираните меѓународни стритлифетинг streetlifting натпреварувања, кој воедно претставуваше и квалификации за Европско првенство. Настанот собра натпреварувачи од повеќе држави, при што македонските претставници уште еднаш се истакнаа со значајни резултати во силна конкуренција.

Во категоријата над 101 килограм, Атанас Дебников освои прво место и се квалификуваше на Европското првенство кое ќе се одржи во Париз.

Фото: Street Workout Macedonia

Во категоријата до 101 килограм, Дејан Цветковски освои бронзен медал, носејќи уште едно одличје за Македонија.

Во категоријата до 73 килограми, Горазд Зафировски го заврши натпреварот на четвртото место, само чекор до подиумот, во исклучително силна конкуренција.

Фото: Street Workout Macedonia

Во категоријата до 94 килограми, Ерик Гордита не го заврши настапот по неуспешен обид во чучањ, но покажа борбен дух и упорност.

 

Македонија ги доби првите државни шампиони во калистеникс

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот