Фото: EPA-EFE/ESTELA SILVA

Мартинез за Роналдо: Нема смисла да го менуваме најдобриот стрелец во историјата кога ни e потребен гол

Селекторот на Португалија, Роберто Мартинез, застана во одбрана на Кристијано Роналдо по критиките што пристигнаа по слабиот старт на „морепловците“ на Светското првенство 2026. Искусниот напаѓач немаше ниту еден удар во рамките на голот против ДР Конго а со тоа ја продолжи серијата без погодок на пет последователни натпревари на Мундијалите, односно десет меча во низа на големите репрезентативни турнири.

Роналдо, кој има 41 година, не постигнал гол од игра на Светско или Европско првенство уште од 2021 година, што повторно ги отвори дилемите околу неговата улога во нападот на португалската селекција.

ВИДЕО | Мундијалски вести: Невидливиот Роналдо ја угуши Португалија, Англија ја наполни мрежата на Хрватска

И покрај тоа, Мартинез категорично ги отфрли идеите дека капитенот треба да биде заменет во клучни моменти.

„Нема никаква смисла да го извадите од игра најдобриот стрелец во историјата на светскиот фудбал на натпревар во кој ви се потребни голови“, изјави селекторот.

Со 143 гола за репрезентацијата, Роналдо останува убедливо најдобар стрелец во историјата на Португалија, а против Конго забележа уште едно значајно достигнување – настап на шесто Светско првенство, со што им се приклучи на елитната група фудбалери со ваков подвиг.

ВИДЕО | Необична сцена на Мундијалот — фудбалер на Узбекистан повреди камерман

ВИДЕОИНТЕРВЈУ | Единствените македонски известувачи од Мундијалот: Мијалче и Наташа Дургутови

За кого навиваат нашите политичари на Светско? Тошковски за Португалија, Пендаровски и Апасиев за Бразил, Бендевска за Босна…

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот