Томас Тухел/фото: EPA-EFE/ANNA SZILAGYI

Tухел реагира до ФИФА: Ве молам тргнете ги фотографите, не можев да си ја видам својата екипа

Англија ја совлада Хрватска со 4-2 на стартот од Светското првенство, а селекторот Томас Тухел имаше многу причини за задоволство по успешниот почеток на турнирот.

Сепак, германскиот стратег беше видно фрустриран поради еден момент на самиот почеток на натпреварот, во кој главна улога имаа фоторепортерите.

Тухел упати апел до Светската фудбалска федерација да се најде подобро решение за позиционирањето на медиумските екипи за време на интонирањето на химните.

„Ја молам Светската фудбалска федерација да најде други позиции за фоторепортерите за време на интонирањето на химните. Додека ја фотографираа нашата клупа, не можев да ја видам својата екипа“, изјави Тухел.

Тој додаде дека целиот момент му оставил негативен впечаток.

„Го чекав овој момент две години, а потоа пред мене се појави ѕид од луѓе. Ми расипаа едно навистина убаво искуство“, истакна селекторот на Англија.

Тухел го кажа своето, а останува да се види дали оваа негова реакција ќе предизвика промени кај челниците на светската куќа на фудбалот.

Откриена причината за солзите на Меси против Алжир

ВИДЕО | Бројките не лажат: Роналдо е проблем за Португалија, го критикуваше и Анри

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот