ВИДЕО | Бројките не лажат: Роналдо е проблем за Португалија, го критикуваше и Анри
Кристијано Роналдо повторно се најде во центарот на вниманието, но овојпат поради критиките што пристигнуваат на негова сметка по натпреварот на Португалија против Конго на Светското првенство.
Препорачано
Иако португалската репрезентација располага со голем број квалитетни и креативни играчи во средниот ред и нападот, дел од јавноста смета дека тимот не го користи целосно својот потенцијал додека Роналдо е главна фигура во офанзивата.
Неговиот настап против Конго дополнително ги засили сомнежите околу неговата моментална форма. Искусниот напаѓач не успеа да се запише во листата на стрелци, а бројките покажуваат дека имал речиси незабележливо влијание врз играта на својот тим.
Во текот на целиот натпревар не упати ниту еден удар кон противничкиот гол, не реализираше ниту едно успешно минување на противнички играч, не избори прекршок и имаше минимален придонес во одбранбените задачи. Средбата ја заврши со само 24 допири со топката.
По ваквото издание сѐ почесто се отвора прашањето дали селекторот треба и натаму да биде во почетниот состав. Критичарите дополнително потсетуваат дека Роналдо веќе десет натпревари по ред на големите натпреварувања не успева да постигне погодок.
Критики за него по вчерашниот натпревар не штедеше и легендарниот Тиери Анри
„Една работа е најважна, луѓе, тимот треба да даде гол, а не ти“, изјави поранешниот француски репрезентативец, додавајќи и во која ситуација смета дека Роналдо со желбата за гол ѝ направил проблем на својата репрезентација.
Според него, движењето на Роналдо во нападот во одредени моменти им отежнувало на неговите соиграчи да создадат простор и да ја пробијат цврстата одбрана на Конго
Really good analysis from Henry. This is the Ronaldo issue right now.
He’s playing as a 9, but he’s never been a 9 and he’s not acting as a 9. Not giving Portugal those traits and it hurt them today. pic.twitter.com/yjSaOK2J5J
— Marc Geschwind (@MarcGeschwind) June 17, 2026


