Откриена причината за солзите на Меси против Алжир
Меси ја предводеше Аргентина до убедлива победа на отворањето на Светското првенство, постигнувајќи три гола во триумфот од 3:0 над Алжир. Сепак, покрај неговата блескава игра, вниманието го привлече и емотивната реакција по првиот постигнат погодок, кога фудбалската легенда не можеше да ги задржи солзите.
Препорачано
„Искрено, ова нема никаква врска со фудбалот. Поминав низ неколку тешки денови. Благодарен сум на целата репрезентација и на моите соиграчи, кои како и секогаш беа покрај мене и ми дадоа сила да останам цврст“, изјави Меси по натпреварот.
Набрзо потоа, аргентинскиот новинар Едуардо Фајнман во емисија на „Радио Митре“ откри дека зад солзите на капитенот стои семејна грижа.
„Станува збор за неговиот татко. Неговата здравствена состојба не е добра веќе подолг период. Проблемите траат со месеци, уште од минатата година. Во текот на оваа седмица имало одредени компликации што дополнително ја влошиле состојбата, а Меси ја води таа внатрешна битка, како и секој човек“, изјавил новинарот.
Според локалните медиуми, таткото на фудбалерот, Хорхе Меси, во јануари имал здравствен инцидент во својот дом, по што бил хоспитализиран. Тој бил подложен на срцеви и невролошки испитувања, но засега не е објавено која е точната дијагноза.
Скандал: фудбалер кој игра на Светското првенство бил уапсен за местење натпревари


