Фото: Принтскрин

ВИДЕО | Украина ја нападна Москва со 180 дронови — се запали рафинерија, покривот летна во воздух

Украински дронови погодија московска нафтена рафинерија вторпат оваа недела, при што денеска утрината над југоисточната населба Капотња се издигнаа пламен и облаци чад, објави „Гардијан“.

„Силите за противвоздушна одбрана продолжуваат да одбиваат масовен напад. Неколку дронови успеаја да стигнат (до московската нафтена рафинерија)“, изјави градоначалникот на Москва, Сергеј Собјанин, додавајќи дека бил оштетен и трговски центар.

Тој тврдеше дека биле соборени околу 180 дронови што се движеле кон главниот град.

Сообраќајот бил запрен на московската обиколница во близина на рафинеријата.

На социјалните мрежи се појави снимка од утринскиот масовен украински напад, на која, според објавите, е забележан моментот кога дрон ја погодува московската нафтена рафинерија.

На видеото се гледа леталото како удира во еден од големите резервоари за гориво, по што следува силна експлозија.

Од ударот, металниот покрив на резервоарот е исфрлен во воздух и одлетува неколку десетици метри.

Русија се справува со недостиг на бензин

Првиот напад, во вторникот, веќе се сметаше дека ја запрел работата на рафинеријата, со што се зголеми штетата врз руските енергетски објекти и се продлабочи кризата со гориво во земјата.

Русија, трет најголем производител на нафта во светот и голем извозник на нафта и гориво, овој месец треба да увезува гориво по морски пат, додека се обидува да се справи со недостигот на бензин по обемните украински напади со дронови врз нејзините рафинерии.

Во поширокиот московски регион, во нападот со дронови биле оштетени висококатница, индустриски објект и повеќе приватни куќи, соопшти регионалниот гувернер.

Аеродромот „Шереметјево“, најпрометниот во Москва, ги суспендираше летовите и евакуираше луѓе, од кои дел побарале засолниште во паркинг-зоната, соопшти аеродромот.

Русија соопшти дека нејзините системи за противвоздушна одбрана пресретнале и уништиле 555 украински дронови над повеќе региони во текот на ноќта. Бројката на навистина соборени дронови не можеше независно да се потврди.

Русија со дронови нападна неколку украински градови, убиени се најмалку пет луѓе

Киев беше цел на втор воздушен напад

Киев беше цел на втор воздушен напад оваа недела, откако Русија истрела балистички ракети врз украинската престолнина, соопштија градските власти, повикувајќи ги жителите да се засолнат.

Властите во североисточниот украински град Суми соопштија дека еден човек загинал во напад со дрон. Предупредувања за воздушни напади беа издадени за поголемиот дел од територијата на Украина.

Еднен човек загинал и во украинскиот град Енергодар, каде што живее најголемиот дел од персоналот на руската окупирана нуклеарна централа „Запорожје“, изјави градоначалникот поставен од Русија, Максим Пухов.

Во рускиот пограничен регион Белгород, официјални лица соопштија дека украински напад со дрон убил маж во неговиот автомобил.

Москва вчера ја обвини Украина дека нападнала автобус во кој имало белоруски деца, обвинување што Киев го оцени како лажно. Во јужниот руски регион Ростов, украински напад со дрон уби еден човек и предизвика пожар во два комерцијални објекти, соопштија официјални лица.

Русија и Украина негираат дека намерно гаѓаат цивили.

Русија со дронови нападна неколку украински градови, убиени се најмалку пет луѓе

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот