Гана/EPA/ANNA SZILAGYI

Карлос Квеирош со Гана испиша историја — го симна од врвот Германецот Ото Рехагел

Карлос Квеирош, кој пред само два месеци ја презеде селекцијата на Гана, веќе на својот прв настап на Светското првенство испиша историја, станувајќи највозрасниот селектор кој стигнал до победа на мундијалски натпревар.

Португалскиот стратег до триумфот дојде на возраст од 73 години и 108 дена, со што го надмина досегашниот рекорд на Ото Рехагел. Германецот во 2010 година со Грција забележа победа на Светското првенство на возраст од 72 години и 317 дена.

Иако Квеирош е најстар тренер кој победил на Светско првенство, тој не е највозрасниот селектор на турнирот. Пред него се наоѓаат Дик Адвокат од Курасао (78 години), Мирослав Коупек од Чешка (74 години и 9 месеци) и Хуго Брос од Јужна Африка (74 години и два месеци).

Сепак, сите тројца претходно претрпеа порази на турнирот. Интересно е што Коупек и Брос вечерва ќе се соочат еден против друг, а доколку нивниот натпревар не заврши нерешено, победникот би можел да го преземе новиот рекорд од Квеирош.

ФОТО | Потег за почит: Далиќ му врачи подарок на Тухел пред мундијалскиот дуел

ВИДЕО | Бројките не лажат: Роналдо е проблем за Португалија, го критикуваше и Анри

За кого навиваат нашите политичари на Светско? Тошковски за Португалија, Пендаровски и Апасиев за Бразил, Бендевска за Босна…

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот