Двајца млади мажи и две млади жени — несекојдневна „ферка“ среде бел ден во Кавадарци
Во несекојдневен инцидент вчера попладне во Велес, се степале четворица млади луѓе, меѓу кои и две жени, соопшти полицијата во дневниот билтен. Сите учесници во тепачката се уапсени.
Препорачано
-
1
-
2
-
3
„На 17.06.2026 во периодот од 17:25 до 17:40 часот во Кавадарци, полициски службеници од ОВР Кавадарци ги привеле И.С.(32), С.С.(31), 30-годишната С.С. и 30-годишната С.С., сите од Кавадарци, затоа што на ул.„Браќа Џунови“ во Кавадарци го нарушиле јавниот ред и мир со меѓусебна физичка пресметка. По документирање на настанот, ќе бидат поднесени соодветни пријави“, пишува во полициското соопштение.
Во Велес, пак, вчеравечер 30-годишен жител на градот им се заканувал на шест години помлад сограѓанин и на неговата сопруга, а извадил и нож, велат од МВР.
„На 17.06.2026 во 19:20 часот во Велес полициски службеници од СВР Велес го лишија од слобода С.Т.(30) од Велес, постапувајќи по претходна пријава дека на ул.„Благој Ѓорев“ во Велес, по кратка расправија, упатил закани на А.Ј.(24) од Велес и неговата сопруга М.Ј., при што употребил остар предмет. С.Т. бил приведен во полициска станица, а предметот бил пронајден и одземен. Известен бил јавен обвинител и по целосно документирање на настанот ќе биде поднесена соодветна пријава“, пишува во полицискиот билтен.
Млад штипјанец ја убил девојката, вечерва самиот се предал во полиција


