Трактор, нива / Фото: илустрација

Жител на Зелениково е пронајден починат во нива, го прегазил мoтокултиваторот

Седумдесет и двегодишен жител на скопско Зелениково вчера бил пронајден починат на нива, откако бил прегазен од мотокултиваторот со кој работел, соопшти Министерството за внатрешни работи.

На 16.06.2026 во Полициската станица Драчево било пријавено оти во селото бил пронајден починат Ц.К. (72) од Зелениково. Според пријавеното, тој утрото излегол да работи на нива со својот мотокултиватор, но откако не се вратил дома до 13 часот, неговиот брат тргнал да го побара. Кога пристигнал на нивата, го пронашол безживотното тело на 72-годишникот под мотокултиваторот“ соопшти МВР.

Лекар од Итната медицинска помош констатирал смрт на местото на настанот, а по наредба на јавен обвинител телото било предадено на обдукција.

Увид извршила увидна екипа на СВР Скопје, а надлежните институции работат на утврдување на сите околности поврзани со несреќата.

Вработен во ЕВН починал додека извршувал работни задачи во Кривопаланечко

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот