Халанд: Статистички не сум подобар од Кејн и Мбапе
И покрај тоа што неговата серија голови продолжува и на Светското фудбалска првенство, норвешката суперѕвезда Ерлинг Халанд покажа скромност откако постигна уште два гола во победата од 4:1 над Ирак.
Препорачано
-
1
-
2
-
3
Напаѓачот на Манчестер сити беше запрашан дали е подобар од другите двајца водечки напаѓачи во светот: Хари Кејн и Килијан Мбапе:
– Статистички, не, не сум. Би рекол дека сум таму во прв ред. Не мислам дека сум постигнал најмногу голови оваа сезона. Значи, статистички не сум, бидејќи мислам дека Хари Кејн и Мбапе постигнаа повеќе голови од мене и тоа е реалноста – одговори Халанд, кој беше прогласен за играч на натпреварот против Ирак.
Норвежанецот постигна 38 гола во 52 настапи за Манчестер сити, додека Кејн постигна 61 гол на 51 настап за Баерн Минхен, освојувајќи ја и Златната топка. Мбапе запиша 42 погодоци во 44 настапи за Реал Мадрид.
Во меѓувреме, 25-годишниот напаѓач роден во Лидс, Халанд ја продолжи својата неверојатна серија на постигнување голови на деби натпреварите во вторник. Откако постигна гол на своето деби во Лигата на шампионите, а претходно и во Бундеслигата и Премиер лигата, истото го направи и на Светското првенство.
Следниот меч на Мундијалот, репрезентацијата на Норвешка ќе го има на 23 јуни против Сенегал, а три дена подоцна ќе ја заврши групната фаза со мечот против Франција.
Humble Haaland 🫡 pic.twitter.com/Cz6U8b22Qp
— BBC Sport (@BBCSport) June 17, 2026
ERLING HAALAND SCORES FOR NORWAY!!! 🇳🇴
He has now scored on his debut in the:
◎ Champions League
◎ Bundesliga
◎ Premier League
◉ World Cup 🆕*Acts shocked* pic.twitter.com/K3RsE2DhJ9
— Squawka (@Squawka) June 16, 2026


