ВИДЕО | Нејмар ќе стане татко по петти пат: „Ќе полудам, ќе им основам бенд и ќе се вика ‘Спајс грлс’“
Бразилската фудбалска ѕвезда Нејмар среде Светското првенство откри дека тој и неговата сопруга Бруна Бјанкарди го очекуваат своето трето заедничко дете. За Нејмар ова ќе биде петто дете.
Препорачано
-
1
-
2
-
3
Среќната вест двојката ја сподели преку видео на социјалните мрежи, каде што открија дека наскоро ќе добијат уште едно девојче.
„Ќе полудам“, возбудено изјавил фудбалерот на Сантос и една од најголемите ѕвезди на бразилската репрезентација.
Во видеото се појавуваат нивните две ќерки, двегодишната Мави и 11-месечната Мел, како и 14-годишниот син Дави Лука, кого Нејмар го доби со инфлуенсерката Карол Дантас.
Семејството играло игра со превези на очите и бои, а кога ги тргнале превезите, розовата боја открила дека бебето што го очекуваат е девојче.
„Ќе основам бенд, од денес ќе се вика ‘Спајс грлс’“, се пошегувал Нејмар, алудирајќи на тоа дека ќе има четири ќерки.
View this post on Instagram
Покрај Мави и Мел, кои ги има со Бруна Бјанкарди, Нејмар е татко и на ќерката Хелена од врската со Аманда Кимберли. Хелена се роди во период кога фудбалерот веќе беше во врска со Бјанкарди, што тогаш предизвика привремено разделување на парот. Неколку месеци подоцна тие повторно се смирија, а потоа и се венчаа.
Покрај убавите семејни вести, Нејмар во моментов се соочува и со проблеми со повреда. Според бразилските медиуми, тој бил подложен на нови лекарски прегледи за да се процени состојбата на повредата на десниот лист. Фудбалерот утрината ги извршил прегледите, а попладнето продолжил со тренинзи во теретана како дел од процесот на рехабилитација.
Поранешниот играч на Барселона и Пари Сен Жермен се повреди на 17 мај за време на натпревар од бразилското првенство, непосредно пред селекторот Карло Анчелоти да го објави списокот за Светското првенство 2026.
Поради повредата, Нејмар ги пропушти подготвителните натпревари против Панама и Египет, како и првиот натпревар на Бразил на Мундијалот против Мароко. Натпреварот, кој заврши нерешено 1:1, го следеше од клупата.
Последниот настап за сениорската репрезентација на Бразил го имаше на 17 октомври 2023 година, кога на квалификацискиот натпревар против Уругвај заработи тешка повреда на предниот вкрстен лигамент и менискусот на левото колено.


