Самир Хауд и Карло Анчелоти/EPA/ANTONIO LACERDA

Првиот човек на бразилскиот фудбал ги однел и сопругата и љубовницата на Мундијалот, и тоа на државна сметка

За време на Светското првенство во бразилскиот фудбал се откри афера во која во центарот на вниманието е првиот човек на Фудбалскиот сојуз, Самир Хауд, кој е обвинет дека со државни пари го финансирал патувањето и сместувањето не само за неговата сопруга, туку и за љубовницата.

Според истражувањето на новинарот Лео Дијас, Хауд прво престојувал во Њујорк во друштво на Камила Кристина Андраде, фитнес претприемачка од неговата родна држава Рораима. Двајцата биле забележани во луксузен ресторан на Менхетен, а Андраде престојувала во лукскузен хотел од 2 до 10 јуни.

Сметката од околу 10.500 долари била, според наводите, платена со пари од Фудбалскиот сојуз на Бразил, а резервацијата во хотелот била директно поврзана со името на Хауд. По заминувањето од Њујорк, на 10 јуни, тој отпатувал за Мексико Сити, каде што му се придружила неговата сопруга Наталија, со која е во брак повеќе од две децении, а заедно присуствувале на свеченото отворање на првенството.

Истата истрага укажува дека ова не е изолиран случај. Во декември минатата година, инфлуенсерката и фармацевтка Тамирес Фернандес Барселос патувала во Доха на финалето од Светското клупско првенство.

Таа патувала со бизнис-класа на авиокомпанијата „Емирати“, а престојувала во престижниот хотел „Риц-Карлтон“. Иако собата била резервирана на нејзино име, сметката од околу 3.500 долари била испратена директно до Фудбалскиот сојуз на Бразил.

По појавата на новата афера во САД, се огласи и бразилската федерација со кусо соопштение за јавноста.

„Трошоците за организација се исклучиво поврзани со институционални активности, додека личните трошоци ги покриваат самите директори“, соопштија од сојузот.

Еден ирански фудбалер веќе нема право на влез во САД

ВИДЕО | Саудијците беа на чекор до подвиг, Уругвај извлече бод во Мајами

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот