Макрон и Трамп, Г7/ Фото: EPA/YOAN VALAT

„Париз да плати“ – избувна расправија меѓу Франција и Швајцарија околу трошоците за безбедност на Г7

Самитот Г7 се одржува во француското одморалиште Евиан, но многу од учесниците пристигнуваат преку меѓународниот аеродром во Женева, кој е најблиску до Евиан, додека десетици илјади демонстранти се собираат на швајцарската страна од границата, каде што имаат намера да организираат протести за време на траењето на самитот, пишува „Политико“.

„Париз да плати“ – е пораката од швајцарските власти кои се бесни што се принудени да ги сносат трошоците за обезбедување на безбедноста поради десетици илјади демонстранти кои протестираат против самитот на Г7 што се одржува во соседна Франција, објави „Политико“.

ВИДЕО | Полицијата во Женева приведе над 20 луѓе на протест против Г7 – демонстранти фрлаа камења и запалија „тесла“

Самитот на Г7 на најбогатите нации, кој започна вчера, се одржува веднаш преку границата во француското одморалиште Евиан, каде што лидерите како Емануел Макрон и Доналд Трамп ќе разговараат за глобалната трговија и војната во Украина. Сепак, многу од учесниците на самитот пристигнуваат преку меѓународниот аеродром во Женева, кој е најблиску до Евиан, додека десетици илјади демонстранти се собираат на швајцарската страна од границата, каде што имаат намера да организираат протести за време на траењето на самитот, пишува „Политико“.

Франција, соочена со буџетски проблеми, одбива да учествува во покривањето на трошоците за гранична безбедност и полициско обезбедување на протестите, проценети на помеѓу 21,7-27,2 милиони евра, според Лоран Паолиело, директор за комуникации во одделот за безбедност на кантонот Женева.

„Скратете им ги средствата“

Неколку швајцарски политичари предложија кратење на одредени средства што ѝ се должат на Франција, за да се принуди Париз да плати за безбедносните трошоци. Еден од тие начини вклучува задржување на даночните приходи што им припаѓаат на Французите за да се надоместат изгубените даночни приходи од прекуграничните работници.

Паолиело, сепак, истакна дека ваквите потези се „комплицирани“, бидејќи финансиските размени меѓу двете земји се регулирани со меѓународни договори. Оваа година, Женева ѝ исплати на Франција 446 милиони евра врз основа на договорот од 1973 година.

„Воспоставивме навистина колосален безбедносен апарат. Би било убаво и тие (Французите) да придонесат финансиски за последиците од нивните одлуки. “ рече Паолиело за „Политико“.

„Не гледаме никаква подготвеност да се преземе дел од трошоците“

Швајцарските власти се решени да спречат повторување на немирите што ја зафатија Женева во 2003 година за време на самитот на Г8. Покрај полицијата, околу 4.000 припадници на швајцарската армија беа мобилизирани оваа недела за да ги следат протестите и да ги обезбедуваат граничните премини.

„Не е проблем што Женева се користи како главен сообраќаен центар за самитот – ние можеме да се справиме со тоа. Проблемот е во сè друго, односно во фактот дека не гледаме никаква подготвеност да се преземе дел од значајните трошоци поврзани со самиот самит“ додаде Паолиело.

Швајцарската полиција вчера се судри со околу 600-700 демонстранти, а три часа подоцна протестот беше забранет. Сите други јавни демонстрации се исто така забранети за време на самитот на Г7. Друга забелешка на Швајцарците е дека Франција не одредила посебни локации за протести или „контра-самити“, како што понекогаш се прави на контроверзни меѓународни собири на високо ниво, како што е Светскиот економски форум во Давос.

„Одговорот на Франција засега е негативен“ рече Паолиело.

Самитот на Г7, кој ќе трае до среда, започна со дискусија за нерамнотежата во глобалната трговија, а денеска лидерите ќе одржат состанок со украинскиот претседател Володимир Зеленски, кој ќе биде посветен на воените и финансиските потреби на Киев, како и на стратегијата на сојузниците за завршување на војната меѓу Русија и Украина.

Трамп по средбата со Зеленски: Русија мора да постигне мировен договор

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот