Украина и Молдавија официјално ги започнаа пристапните преговори со ЕУ
Европската Унија официјално го започна процесот на пристапување за Украина и Молдавија. Формалниот почеток, кој стартуваше вчера, ќе бара од двете земји да се обврзат на повеќегодишни политички реформи, пренесува Ал Џазира.
Препорачано
-
1
-
2
-
3
Украина мора да го започне овој сложен процес додека сè уште се бори против руската инвазија, но Киев смета дека членството во ЕУ претставува „безбедносна гаранција“ и „потпора за неговите напори за приближување кон Западот“.
По повод настанот, украинскиот заменик-премиер Тарас Качка учествуваше на меѓувладина конференција во Луксембург, која ги отвори разговорите за усогласување на Киев со законите, стандардите и вредностите на 27-члениот блок.
„Агресијата против Украина и заканите против Европа се трајна политика на Русија, затоа мора да бидеме обединети Затоа ни треба побрзо и многу сеопфатно пристапување во Европската Унија“, рече тој.
Сепак, постои значителна загриженост во ЕУ во врска со подготвеноста на Украина за членство, како и безбедносните последици поради конфликтот со Русија и најавените анексии на пет региони од Москва.
На Украина ѝ треба НАТО, но САД не мисли така
Најдобра безбедносна гаранција за Украина би била членството во воениот сојуз НАТО, но американската администрација инсистира дека тоа не може да се случи засега, а и други членки се воздржани додека трае војната.
Процесот на пристапување на Украина со години беше блокиран од Унгарија под поранешниот премиер Виктор Орбан, чиј режим се сметаше за најблизок сојузник на Русија во Европа. Сепак, тој ја загуби власта на изборите во април.
Со падот на Орбан, Унгарија може да ја отпушти кочницата за Украина во ЕУ
Неговиот наследник Петер Маѓар се залага за побрзо враќање кон европскиот мејнстрим и неодамна се согласи да ја повлече унгарската блокада на кандидатурата на Украина – потег што следеше по деблокирање на околу 16 милијарди евра замрзнати средства за Унгарија.
Русија се обидува да ја задржи Молдавија во својата орбита
Русија исто така се обидува да ја задржи Молдавија во својата орбита. Минатата година Москва беше обвинета за ширење дезинформации со помош на вештачка интелигенција за влијание врз изборите, иако прозападната власт победи.
Земјите што сакаат да станат членки на ЕУ мора да преговараат во 35 области (поглавја), од земјоделство до даноци и енергетика до трговија, процес што може да трае со години.
На состанокот во понеделник беа отворени пет клучни поглавја – групирани во „кластери“ – кои ги претставуваат вредностите и принципите на ЕУ, особено владеењето на правото, основните права и функционирањето на демократските институции.
Калас: Членството на Украина и Молдавија ќе ја направи Европа посилна
Генералната високa претставничка за надворешна политика на ЕУ Kaja Калас го нарече процесот „голема пресвртница“.
„Двете земји спроведоа тешки реформи под тешки околности. Нивното членство ќе ја направи Европа посилна“, објави таа на платформата X.
Некои европски земји притискаат Украина да влезе во блокот што е можно побрзо. Тие ја гледаат Украина како клучна за безбедноста на Европа и помогнале во зајакнувањето на нејзините вооружени сили.
Минатиот месец, германскиот канцелар Фридрих Мерц ги повика партнерите во ЕУ да размислат за понуда на Украина за „асоцијативно членство“, со цел да се внесе нова динамика во разговорите насочени кон завршување на повеќе од четиригодишната војна со Русија.
„Европа се разбуди“: Мерц смета дека ЕУ ја зајакнува својата економска и воена моќ
Други земји – меѓу кои Франција и Холандија – предложиле различни „заобиколни“ решенија за побрзо приближување на Украина кон Унијата, но без целосни права на членство.
Сепак, функционерите на ЕУ и другите земји-кандидати инсистираат дека процесот мора да биде заснован на заслуги и да води кон ништо помалку од целосно членство.


