Лени Кравиц на доделување награди во 2024 година во Лос Анџелес/Фото: Collin Xavier/Image Press Agency ABACA / Abaca Press / Profimedia

ФОТО | Лени Кравиц на приватна забава во Белград, позира со сопругата на Владе Дивац

Светската рок-икона Лени Кравиц пристигна во Белград. Музичарот во тајност слетал во Белград еден ден пред големиот концерт на Ушќе, а белградските папараци го фотографирале во центарот на градот, кога со својот тим излегувал од познат ресторан.

Кравиц бил одлично расположен, а сега се појавија фотографии од тајната забава на која присуствувал, а на која била и една од најбогатите Србинки – Ана Дивац, сопруга на легендарниот кошаркар Владе Дивац.

Ана Дивац објавила фотографија со популарниот пејач и ги воодушевила сите.

 

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Ana Divac (@ana_divac)

Судејќи според нејзините објави, синоќа во познат белградски ресторан во центарот на Белград се одржала приватна забава, на која се појавил и Лени, а сè било во строга тајност.

Ана гордо ја објавила нивната заедничка фотографија на својот инстаграм-профил, а заедно со сликата на која двајцата се видливо расположени и со насмевка на лицата, кратко напишала: „Добре дојде во Белград“.

Ана објавила и фотографија со еден од членовите на тимот на Кравиц, а потоа на нејзиниот профил се појавила и фотографијата со самиот Лени.

За оваа пригода, таа носела тесна, црна комбинација и ефектно сако во зелена боја, додека Лени Кравиц бил во својот препознатлив стил – фармерки и кожена јакна, каубојски чизми, темни очила за сонце и впечатливи додатоци.

Ана Дивац фотографирала и еден детаљ на масата – необична саксија со цвеќиња, со опис: „Приватна забава“.

Фото: Принтскрин/Инстаграм/Ана Дивац

Лени Кравиц, музичар чии хитови обележаа генерации, уметник кој ги полни арените ширум светот и секој настап го претвора во чиста магија, подготвува спектакл во Белград.

Тој утре ќе настапи на Ушќе, а со него доаѓа и ДЕ’ВЕЈН, рок-ураган на новата генерација кој го освојува светот со брзина на светлината.

Неговата харизма, енергија и безвременски звук одамна ѝ се познати на публиката, па затоа се очекува вечер полна со адреналин, легендарни хитови и настап што ќе се памети со години.

ФОТО | Рок-ѕвездата Лени Кравиц страстен и енергичен на сцената на „Билјанини извори“ во Охрид

ФОТО | „Како овој човек има 61 година?“: Лени Кравиц ја соблече маицата и ги покажа стомачните мускули

Лени Кравиц доживеа инцидент на својот концерт: Жена од публиката го повлече за косата

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот