Лени Кравиц - Фото EPA-EFE/MAURICIO DUENAS CASTANEDA

Лени Кравиц доживеа инцидент на својот концерт: Жена од публиката го повлече за косата

Американскиот музичар Лени Кравиц се соочи со неочекувана и болна ситуација за време на концерт во Бризбејн, Австралија, кој се одржа како дел од неговата турнеја „Blue Electric Light“. Имено, 61-годишниот пејач по концертот открил дека една жена за време на настапот му искинала четири суканици, пренесува „Пипл“.

На снимка што ја сподели преку Инстаграм по концертот, Кравиц го опиша случувањето.

„Ова беше лудо. Значи, кога излегов на ’Let Love Rule‘, една многу возбудена млада дама ми извади четири суканици од главата. Знаеш колку требаше да се потрудиш за да ми ги искинеш од главата? Навистина, душо“, рече тој.

Иако инцидентот бил болен и изненадувачки, музичарот нагласи дека тоа нема да го спречи во идните настапи.

Концертот на Кравиц во Бризбејн се одржа по серија настапи кои тој ги имаше на почетокот на месецот низ Австралија и Нов Зеланд. Турнејата „Blue Electric Light“ ја следи неговиот 12-ти студиски албум со истото име, објавен во 2024 година.

Музичарот претходно изјавил дека ова му е првпат да доаѓа во Нов Зеланд, и дека тоа патување, како и враќањето во Австралија по толку години, му дава најубава енергија.

По Брисбејн, тој ќе настапува во Мелбурн на 25 ноември, а потоа во Милдура и Аделаида, каде ќе ги заврши концертите за оваа година. Турнејата ќе продолжи во 2026 година, почнувајќи од Мексико Сити на 14 март.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот