Meхди Тораби/EPA/Neil Hall

Еден ирански фудбалер веќе нема право на влез во САД

Иранскиот репрезентативец Мехди Тораби повеќе нема право на влез во САД. Иран синоќа во Лос Анџелес ремизираше со Нов Зеланд (2-2), а натпреварот беше проследен со низа контроверзии.

За време на мечот се слушаа свирежи при интонирањето на химната, репрезентативците биле дочекани на непријатен начин, а имало и случаи на отстранување на знамиња, што дополнително ја вжешти атмосферата околу натпреварот.

Иранските фудбалери се пожалиле на односот на американските власти, тврдејќи дека биле принудени веднаш по натпреварите да ја напуштаат земјата и да се враќаат во кампот во Мексико, каде што се сместени. Според нив, секојдневниот престој во САД би бил проследен со притисоци и зголемено полициско и воено присуство.

Проблеми имало и пред почетокот на турнирот, кога на дел од репрезентативците им биле одбиени визи. На крајот тие биле одобрени, но со услов да не се задржуваат во земјата по натпреварите и веднаш да се враќаат во Мексико.

Сега се појави нова компликација. Визата на Мехди Тораби важела само за еднократен влез во САД. Бидејќи тој веќе ја искористил при натпреварот во Лос Анџелес, постои голема веројатност да не може да му помогне на националниот тим во наредните натпревари против Белгија (Лос Анџелес, 21 јуни) и Египет (Сиетл, 27 јуни), а можеби и во елиминациската фаза.

„Фудбалскиот сојуз на Иран се обидува да обезбеди нова виза за Мехди Тораби“, соопштија извори блиски до федерацијата.

Во меѓувреме, Тораби засега останува надвор од плановите за натпреварите, а американските власти нема да му дозволат влез без валидна документација. Останува да се види дали ФИФА ќе се вклучи и ќе се обиде да го реши проблемот, иако досегашните околности не одат во прилог на такво сценарио.

ВИДЕО | Мундијалски вести: Зеленортските острови го изненадија европскиот шампион, Уругвај „куртули“ од пораз од Саудиска Арабија

ВИДЕО | Контроверзна прослава на Иранецот Мохеби — даде гол, па „пукаше“ со пиштол

ВИДЕО | Уругвајците во САД беа претресувани со кучиња како криминалци

ФОТО | ФИФА направи исклучок по барање на Саудиска Арабија и го промени протоколот со знамињата

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот