ВИДЕО | Контроверзна прослава на Иранецот Мохеби — даде гол, па „пукаше“ со пиштол
Репрезентацијата на Иран одигра возбудлив натпревар против Нов Зеланд кој заврши без победник (2-2), но вниманието по мечот не беше насочено само кон случувањата на теренот. Поради воениот конфликт меѓу Иран и САД, натпреварот уште пред почетокот беше под лупа на јавноста.
Препорачано
Во центарот на дебатата се најде напаѓачот Мохамед Мохеби, кој во 64. минута го постигна израмнувачкиот погодок за Иран. По голот, тој се упати кон трибините каде што гестикулираше пукање со „пиштол“ со што предизвика реакции.
Снимката брзо се прошири на социјалните мрежи и предизвика поделени реакции. Дел од корисниците жестоко го осудија потегот, оценувајќи го како несоодветен и провокативен во контекст на актуелната политичка ситуација.
🚨TRENDING: Iran player Mohammad Mohebi scores and immediately does the finger-gun shooting celebration towards the crowd in the USA. pic.twitter.com/qjMEB9ch7I
— Polymarket Sports (@PolymarketSport) June 16, 2026
„Тоа не е прослава, туку порака со сосема поинаква тежина“, напиша еден корисник
Сепак, имаше и многу поумерени ставови. Според дел од коментаторите, станува збор за вообичаена спортска прослава која не би предизвикала толку внимание доколку ја направел играч од некоја друга репрезентација.
Во меѓувреме, по завршувањето на натпреварот, иранската делегација не остана во САД. Поради безбедносните и организациските околности, селекцијата веднаш се врати во својата база во мексиканскиот град Тихуана.
ВИДЕО | Уругвајците во САД беа претресувани со кучиња како криминалци


