ВИДЕО | Скандал на Мундијалот: Контроверзен потег на судија во ВАР-собата
Меѓународната федерација на фудбалски асоцијации (ФИФА) започна истрага за ВАР-судијата од натпреварот помеѓу Германија и Курасао на Светското првенство. Мечот заврши со висока победа на Германците (7:1).
Препорачано
Во телевизискиот пренос беше забележан гест кој е поврзан со расистички симболи. Пред почетокот на натпреварот, како и во повеќето натпревари на турнирот, камерите ја покажуваа ВАР-собата, каде што судиите позираа неколку секунди додека нивните имиња и функции беа прикажани на екранот.
Во тој момент, австралискиот судија Шон Еванс со десната рака направи обратна „ОК“ гестикулација, што во некои контексти е поврзано со екстремистички групи и идеологии.
Иако знакот „ОК“ се користи во секојдневната употреба како потврда или знак на одобрување, некои од неговите злоупотребени форми во онлајн просторот се поврзани со крајно десничарски групи, како што претходно посочи Лигата против клевета.
– Совет од нашите експерти е дека употребениот гест јасно наликува на симбол на рака „ОК“ свртена наопаку што се користи како симбол на „бела моќ“ во глобалните крајно десничарски кругови“ – се вели во соопштението на мрежата Fare, долгогодишен партнер на ФИФА и европското фудбалско тело УЕФА за следење на расистички и дискриминаторски скандирања, знамиња и симболи на меѓународни натпревари, а пренесува „Асошиејтед прес“.
Australian Shaun Evans just pulled the move of all moves from the VAR room at the World Cup pic.twitter.com/0HK0dWrE11
— Matt Vandenberg (@M1D3V) June 15, 2026
— OvoOno (@OvoOnoX) June 15, 2026


