Александар Николоски, потпретседател на ВМРО-ДПМНЕ/Фото: Слободен печат/Методи Здравев

Николоски: Започнуваме постапки за изградба на експресни патишта Кочани-Виница-Делчево и Радовиш-Струмица

Mакедонија влегува во период на интензивни инвестиции во експресната патна мрежа, најави вицепремиерот и министер за транспорт, Александар Николоски, во гостувањето во Дневникот на ТВ Сител. Освен почетокот на изградбата на експресниот пат Куманово-Страцин како дел од „Планот за раст“, Николоски посочи и дека ќе биде распишан  нов тендер за изработка на студии за изградба на експресен пат Кочани-Виница-Делчево, како и за експресен пат Радовиш-Струмица.

„Експресниот пат Куманово -Страцин е дел од ‘Планот за раст’ со Европската Унија, ќе има и ИПА компонента, така што очекувам до следната година заедно со Европската Унија да ги завршиме сите документи и да почне и таму да се гради. Добро е што таму експропријацијата е завршена, одиме на проектирање и на изградба”, изјави Николоски.

Во однос на плановите за изградба на нови експресни патишта, тој најави дека во соработка со директорот на ЈПДП, Коце Трајановски, ќе објават тендер за сите потребни студии за експресен пат кој ќе оди Кочани-Виница-Делчево, а за скоро време, како што рече, ќе излезе и за експресниот пат Радовиш-Струмица.

Според Николоски, овие проекти покажуваат дека државата не инвестира само во автопатски делници, туку паралелно работи и на развој на современа мрежа на експресни патишта, која ќе обезбеди побрзо и побезбедно поврзување на регионите.

„Тоа значи дека сериозно ќе се инвестира покрај во Централна и Западна Македонија и во Источна Македонија“, истакна Николоски.

Целта на најавените проекти, додаде министерот, е подобрување на регионалната поврзаност, забрзување на транспортот на луѓе и стоки и создавање подобри услови за економски развој во сите делови на земјата.

Првите километри од автопатот Прилеп-Битола ќе бидат готови следната пролет, тврди Николоски

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот