Томас Вајц | Фото: Принтскрин

Европскиот парламент денеска гласа за извештајот за Македонија

Европскиот парламент денеска на пленарна седница во Стразбур треба да гласа за конечната верзија на извештајот за напредокот на Македонија на патот кон Европската Унија на известувачот за нашата земја, европратеникот Томас Вајц.

Европратениците треба да се изјаснат и за извештаите за Албанија, Босна и Херцеговина, Косово и Црна Гора. Известувачите за петте земји од Западен Балкан вчера во Европскиот парламент ги презентираа извештаите на пленарната сесија, а во дебатата учествуваше и комесарката за проширување на ЕУ, Марта Кос.

Известувачот за Македонија, австрискиот европратеник Томас Вајц, оцени дека Западен Балкан и натаму е регион под влијание на различни странски фактори, потсетувајќи на конфликтите што го потресоа регионот во 1990-тите години.

По Црна Гора и Албанија, Македонија би можела да биде следната во ЕУ, рече Вајц во Европскиот парламент

Тој посочи дека две држави успеале да избегнат масовно насилство – Црна Гора и Македонија, додавајќи дека нашата земја има потенцијал да биде меѓу водечките кандидати во процесот на пристапување кон Европската Унија.

– Да, можеме да кажеме дека земјата не ги спроведе реформите во најбрз можен рок, но исто така мора да признаеме дека и ние во Европската Унија дадовме ветувања што не ги исполнивме – рече Вајц пред европските пратеници.

Според него, Македонија и другите земји од регионот покажуваат подготвеност за спроведување на потребните реформи, а Европската Унија треба да ја одржи нивната мотивација преку конкретни придобивки уште пред полноправното членство.

Како примери ги наведе делумната интеграција во европскиот пазар, олеснувањата во роамингот и приклучувањето кон Единствената европска платежна зона (СЕПА).

Вајц нагласи дека идното проширување на Унијата со земјите од Западен Балкан ќе донесе значајни безбедносни и економски придобивки за ЕУ, оценувајќи дека по Црна Гора и Албанија, Македонија би можела да биде следната земја што ќе му се приклучи на европското семејство.

Украина и Молдавија официјално ги започнаа пристапните преговори со ЕУ

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот