Премиерот Х. Мицкоски. лидерот на ЗНАМ и кумановски градоначалник М. Димитриевски и пратеникот од Куманово Б. Петрушевски / Фото: Инстаграм / Бране Петрушевски

Максим Димитриевски објасни зошто ЗНАМ влегла во власта на ВМРО-ДПМНЕ

Претседателот на владејачката партија ЗНАМ – За наша Македонија и градоначалник на Куманово, Максим Димитриевски, вечерва во „Топ Тема“ на „Телма“, рече дека кога се формирала партијата, очекувањата од граѓаните биле големи, но и дека е „природно да постојат разочарувања“.

„Формирање на партија е процес. Ние немавме среќа да ја наследиме како што ја имаа другите. Сами формиравме партија, настапивме на легитимни избори и освоивме одредена поддршка. На политичката партија ѝ е потребно време за да созрее и ние активно работиме на тоа“, изјави Димитриевски, кој го напушти матичниот Социјалдемократски сојуз на Македонија (СДСМ) и со себе оттаму поведе еден број незадоволни членови со кои ја формира ЗНАМ.

Премиерот Х. Мицкоски и лидерот на ЗНАМ и кумановски градоначалник Максим Димитриевски / фото: Инстаграм / Бране Петрушевски

Тој посочи дека ЗНАМ не потпишала формален коалициски договор со ВМРО-ДПМНЕ и со Вреди, но дека по парламентарните избори била усогласена заедничка владина програма. Како една од клучните точки ја наведе непроменливоста на Уставот и концептот на условени уставни амандмани (за внесување на Бугарите во Уставот при приемот на Македонија во Европската унија), за кој рече дека бил предложен од него пред неколку години и останува актуелен и денес.

Осврнувајќи се на причините поради кои ЗНАМ станала дел од владината коалиција, Димитриевски рече дека целта била „да се избегнат политички сценарија од минатото“ и „да се обезбеди поголема застапеност на македонските национални интереси“.

„ЗНАМ влезе во оваа коалиција за да не гледаме реприза на она што се случуваше во минатото. Нашите мотиви за да влеземе во Владата е за Македонецот да се почуствува во прв ред во сопствената држава“, рече Димитриевски.

Мицкоски ќе им го „честита“ партискиот роденден на министрите што ќе „летаат“

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот