Врховен реагира на ревизијата — тужбите не се од вработени во судската служба

Врховниот суд преку соопштение до јавноста реагира на медиумските написи објавени од ревизијата на финансиски извештаи и ревизија на усогласеност за 2024 година на Врховниот суд којшто го објави Државниот завод за ревизија.

Оттаму истакнуваат дека судските постапки што се водат против Судот не биле од вработени во судската служба.

– По однос на забелешката „дека во тек се 28 судски постапки, во кои Судот се јавува како тужена страна врз основа на тужби од вработени по основ на надоместоци и права од работен однос во вкупен износ од 4,2 милиони денари“. Предметните судски постапки за надоместоци и права од работен однос во износ од 70.000 евра, не се поведени од вработените во судската служба. Вработените во судската служба за периодот опфатен со ревизијата, немаат поведено постапки, ниту пак побаруваат средства по тој основ. Со објавувањето на генерализирани информации како: „Врховниот суд пред сериозни предизвици: Недостигаат судии, пари и кадар, а вработените го тужат и бараат околу 70.000 евра“ или „Додека вработените го тужат Врховниот суд за 70 илјади евра ревизијата откри сериозен недостиг на кадар на судии“, се добива погрешен впечаток во јавноста и се нарушува угледот и интегритетот на сите вработени во судската служба.  Бараме ова соопштение да биде објавено во целост на сите медиуми каде што беше пласирана информацијата, со цел јавноста да се информира точно и објективно – се вели во реакцијата.

Медиумските извештаи пак се повикаа на информации од ДЗР.

-Во Врховен суд на Република Северна Македонија, во тек се 28 судски постапки. Судот се јавува како тужена страна врз основа на тужби од вработени по основ на надоместоци и права од работен однос во вкупен износ од 4.280 илјади денари. Бидејќи станува збор за судски постапки што се водат пред надлежните судови до денот на ревизијата конечниот исход од истите не е познат при што постои неизвесност за финансиските импликации на Буџетот на Врховен суд во иднина – пишуваше во ревизорскиот извештај.

На Врховен му фалат половина судии, а вработените го тужат и бараат околу 70 илјади евра, покажува ревизорскиот извештај

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот