Фото: МВР / генерирана фотографија

Екстремистичка група е разбиена во Скопје, наводно била поврзана со „Исламска држава“

Агенцијата за национална безбедност, Министерството за внатрешни работи и Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција координирано извршиле претреси на повеќе локации во Скопје, каде според сомневањата дејствувала организирана терористичко-екстремистичка група.

Осомничени се петмина наводни членови на групата, кои ќе одговараат за кривичното дело „Терористичка организација“. При претресите биле пронајдени и одземени дигитални уреди и друга електронска опрема, кои ќе бидат предмет на понатамошна анализа во истрагата, соопштија надлежните.

„За две од осомничените лица се определени мерки притвор и домашен притвор, додека останатите три лица веќе издржуваат затворски казни или се наоѓаат во притвор во казнено-поправни установи поради претходни кривични дела поврзани со тероризам“, се вели во соопштението.

Од АНБ информираат дека активностите се преземени врз основа на претходно обезбедени разузнавачки информации, како и податоци добиени преку меѓународна стратешка соработка со партнерски служби.

„Според сознанијата на Агенцијата, осомничените дејствувале како идеолошки поддржувачи на терористичката организација „Исламска држава“, при што воспоставувале контакти со нејзини медиумско-пропагандни канали и работеле на создавање локална мрежа за ширење екстремистички и насилни наративи. Целта, според истрагата, била поттикнување и поддршка на терористички активности на територијата на државата“, велат од Агенцијата.

Дополнително, членовите на групата наводно им обезбедувале логистичка поддршка на луѓе кои претходно биле опфатени со контратерористички операции на АНБ.

„Поднесена е кривична пријава против Ј.К.(30), Ј.М.(22), М.Т.(23), Р.К.(23) и против Г.М.(34), сите од Скопје, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „терористичка организација“ по член 394-а став 3 од Кривичниот законик“, соопшти МВР.

„Добиени се сознанија дека пријавениот Ј.К. кон крајот на 2024 формирал медиумски интернет канал и формирал група во кој членувале останатите пријавени и во текот на 2025 и 2026 година делувале како терористичка организација која јавно повикувала и поттикнувала создавање на терористичка организација врз основа на идеологија на терористичката организација „Исламска држава“ и други идеолошки поврзани терористички организации, како и џихадистички идеолошки текстови со цел ширење на пропаганда, идеолошка индоктринација, глорификација на терористите од „Исламска држава”, велат од полицијата.

Петровска предлага сите директори на АНБ да се стават на детектор за лаги

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот