Жалам што билатералните прашања со Бугарија влегоа во извештајот, вели Вајц за „Канал 5“
Известувачот за Македонија во Европскиот парламент (ЕП), австрискиот европратеник Томас Вајц, во интервју за телевизијата „Канал 5“ изјави дека жали што билатералните прашања меѓу Скопје и Софија станаа дел од извештајот за напредокот на Македонија во ЕП.
Препорачано
Вајц, како што вели, не ја поддржувал спорната терминологија и одредбите поврзани со билатералниот спор. Тој оценува дека таквите прашања не требало да бидат внесени во документ што треба да го мери европскиот напредок на земјата.
Изјавата доаѓа откако Европскиот парламент го изгласа извештајот за Македонија со 411 гласа „за“, 120 против и 120 воздржани. Иако документот формално е извештај за напредокот на земјата, финалната верзија ја задржа една од најспорните точки: делот поврзан со Вториот протокол од Договорот со Бугарија, очекувањата од Историската комисија и формулациите за „заедничка историја“.
Во финалниот текст не поминал обидот за целосно бришење на ставот 73 од резолуцијата. Тоа значи дека во извештајот остануваат барањето Историската комисија да постигне „јасни и опипливи резултати“, повикувањето на протоколот со Бугарија, но и делови што предизвикаа остри реакции во македонската јавност.
Во дебатата пред гласањето доминираа и реакциите на бугарските европратеници, особено по палењето на автомобилите пред бугарската амбасада во Скопје. Дел од нив го искористија инцидентот за дополнителни критики кон Македонија и кон нејзиниот државно-политички врв, додека извештајот остана оптоварен со теми што излегуваат надвор од класичната реформска рамка.
Украина и Молдавија официјално ги започнаа пристапните преговори со ЕУ
.


