Фото: Бгнес (bgnes.bg) / скриншот

МВР: Осомничениот за палењето на бугарските дипломатски возила го призна делото

Четириесет и четиригодишниот И.Д.С. од Скопје, осомничен за палењето на двете дипломатски возила на Амбасадата на Бугарија во земјава, го признал делото во полициска станица, информираат од Министерството за внатрешни работи додаваат дека против него е поднесена кривична пријава за сторено кривично дело предизвикување општа опасност извршено на 15 јуни годинава.

„Одделението за криминалистички работи – Центар и Бит Пазар вчера (16.6.2026) поднесе кривична пријава по итна постапка против И.Д.С. (44) од Скопје, поради основано сомнение дека го сторил наведеното кривично дело“, информираат од МВР.

Фатен е потпалувачот на возилата пред Бугарската амбасада, јавува МВР

Оттаму додаваат дека во текот на истражните дејствија се обезбедени материјални докази, меѓу кои и снимки од камери за видеонадзор од повеќе локации, како и облеката што осомничениот ја носел во моментот на извршување на делото.

Основното јавно обвинителство Скопје вчера соопшти дека е поведена постапка и е предложен притвор против скопјанецот осомничен за палењето на двете дипломатски возила на бугарската амбасада во Скопје.

Обвинителството бара притвор за потпалувачот на колите пред Бугарската амбасада

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот