Фото: macedoniahandball.com.mk

Репрезентацијата во ракомет на плажа го освои четвртото место на турнирот во Плоцк

Македонската машка сениорска репрезентација во ракомет на плажа го заврши настапот на меѓународниот турнир во Плоцк, Полска, освојувајќи го четвртото место.

Во натпреварот за третата позиција, нашите репрезентативци беа поразени од селекцијата на Чешка со 2:0 во сетови.

Резултат по сетови:

Македонија – Чешка 20:26

Македонија – Чешка 13:22

Со настапот во Плоцк, македонската репрезентација предводена од селекторот Наум Бабачев доби значајно меѓународно искуство и уште една можност за натпреварување со квалитетни европски селекции.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот