Фото: Malaga FC

ВИДЕО | Maлага по осум години се врати меѓу најдобрите во Шпанија

Малага повторно е дел од шпанската фудбалска елита, откако по осум години успеа да обезбеди враќање во Ла Лига.

По ремито без голови на првиот натпревар, Малага вечерва на гостински терен ја совлада Алмерија со 2-1 и со вкупен триумф го завери пласманот меѓу најдобрите шпански клубови. Тимот последен пат настапуваше во Примера во сезоната 2017/2018, по што следуваше тежок период исполнет со падови, вклучувајќи и настап во третата шпанска лига во сезоната 2023/2024.

Клубот од Андалузија останува запаметен и по својот историски успех во Лигата на шампионите во сезоната 2012/2013, кога стигна до четвртфиналето, каде што беше елиминиран од Борусија Дортмунд.

Победата над Малага беше обезбедена во второто полувреме. Чупе го отвори резултатот во 65. минута, а Ларубија дваесетина минути пред крајот ја зголеми предноста на 2-0. Домашниот состав успеа да намали преку погодок во 76. минута, но не најде сили за целосен пресврт, па Малага на крајот го прослави големото враќање во Ла Лига.

ВИДЕО | Инцидент во Шпанија — каменуван автобусот со фудбалери на Малага

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот