Фото: Screenshot

ВИДЕО | Инцидент во Шпанија — каменуван автобусот со фудбалери на Малага

Сериозен инцидент ја одбележа атмосферата пред реваншот меѓу Алмерија и Малага во борбата за пласман во Ла Лига, откако автобусот со гостинските фудбалери беше нападнат при пристигнувањето на стадионот.

Според информациите од Шпанија, околу 20 часот бил каменуван автобусот со фудбалери на Малага, при што биле искршени неколку стакла. Парчиња од прозорците завршиле во внатрешноста на возилото, создавајќи дополнителна вознемиреност кај членовите на експедицијата.

Инцидентот се случил и покрај засилените безбедносни мерки најавени за овој натпревар, а полициските служби не успеале навреме да го спречат нападот.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот