Давид Грујевски - Фото: Принтскрин/Јутјуб

ВИДЕО | Уште еден голем музички успех – Давид Грујевски се пласираше во финалето на „Хајп ѕвезди“ како еден од главните фаворити

Македонија би можела да добие победник и во музичкото шоу „Хајп ѕвезди“, откако 25-годишниот  тетовец Давид Грујевски успеа да се пласира во големото финале на регионалниот телевизиски проект. Под мотото „звукот на новите генерации“, натпреварот кој има за цел да открие нови музички таленти својата завршница ќе ја има во недела, на 28 јуни.

Она што е интересно е дека младиот Грујевски во финалната вечер влегува како второпласиран од вкупно 11 натпреварувачи.

Пласманот во самата завршница, го обезбеди во полуфиналето, каде што пред жирито и публиката се претстави со изведба на познатата песна од Мишо Ковач, „Ostala si uvijek ista“.

Претходно, во четвртфиналната фаза од шоуто, тој настапи со рок-баладата „Dođi“ од групата „Парни ваљак“, додека во вториот круг ја изведе композицијата „Kao moja mati“, која во 2006 година ја испеа легендарниот Здравко Чолиќ.

На самиот почеток од натпреварувањето, односно во првиот круг, Давид се претстави пред јавноста со две нумери – песната „Болиш“ од Мирза Селимовиќ и македонската народна песна „Јовано, Јованке“.

Оваа објава доаѓа во екот на уште еден огромен успех, откако вчера Бојан Илиевски со над 50 илјади гласови победи во „Ѕвездите на Гранд“. Македонците и обожавателите на Давид „стегаат палци“ и се надеваат дека Грујевски ќе успее да го постигне истиот успех и на „Хајп ѕвезди“.

 

ВИДЕО | 25-годишниот Давид од Тетово „растури“ со пеењето и директно се пласираше во полуфиналето на „Хајп ѕвезди“

 

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот