ВИДЕО | Род Стјуарт за малку ќе колабираше на сцена — концертот беше прекинат, а по терапијата го заврши седејќи на столче
Британскиот музичар, осумдесет и едно годишниот Род Стјуарт го прекина последниот концерт во Јута, САД, откако за малку ќе изгубеше свест среде настап. Вработените од тимот итно реагирагилае и му донеле боца со кислород, за да го регулира дишењето, пишува „Пипл“.
Препорачано
На видеата кои се појавија во јавноста јасно се гледа како пејачот во еден момент се свиткува од болка, изгледа исцрпено и лошо.
Се врати на сцена и почна да се шегува
Откако ја прими терапијата со кислород зад сцената, Род се врати пред публиката, им призна на фановите дека за малку ќе се онесвестел, а притоа успеа и добро да се пошегува на своја сметка. За да го сочува здравјето, до крајот на концертот седел на столче.
Серија откажани концерти поради нарушено здравје
Оваа ситуација на пејачот не е ненадејна, доаѓа по низата здравствени проблеми со кои се соочува во последно време. На почетокот на овој месец, неговиот лекар му наложи задолжителен одмор за целосно да закрепне од грипот, по што Стјуарт мораше да откаже неколку големи концерти во Невада и Калифорнија во рамките на неговата турнеја „One Last Time“.
Дополнително, неговиот тим неодамна соопшти дека тој се бори и со акутна инфекција на горните дишни патишта која му предизвикува ларингитис.
„Ужасно ми е жал, пријатели мои. Скршен сум и искрено им се извинувам на фановите за сите непријатности. Ќе се вратам на сцената и се гледаме наскоро“, напиша Сер Род на социјалните мрежи по неодамнешните откажувања.
И покрај нарушеното здравје, Стјуарт има густ распоред и десетици концерти низ Америка во текот на јули и август, а финалниот концерт од неговата голема турнеја е закажан за 15 август во Сент Луис.
Тешки денови за Род Стјуарт: Пејачот поради влошена здрвствена состојба ги откажува концертите


