Тешки денови за Род Стјуарт: Пејачот поради влошена здрвствена состојба ги откажува концертите
Легендарниот пејач Род Стјуарт пред неколку дена го откажа својот 200-ти концерт во Лас Вегас поради инфекција на грлото, а сега мораше да откаже уште два настапи бидејќи се заразил со коронавирус. Род требаше да настапи во петок и сабота, но поради влошената здравствена состојба не успеа.
Препорачано
„Со жалење ве информираме дека концертот на Род Стјуарт во Стејтлајн и неговиот концерт на 10 август во Линколн се одложени бидејќи пејачот закрепнува од ковид-19“, напиша неговиот тим.
Додаваат дека сите што купиле билети за концертите да ги задржат бидејќи ќе можат да ги користат за новите термини. Концертот во градот Линколн ќе се одржи на 18 август, а концертот во Стејтлајн, Невада е одложен за 20 август.
Музичарот во изминатите 13 години имаше свое шоу во хотелот „Цезар Палас“, поточно во „Колосеум“, а на 7 август требаше да настапи таму по 200-ти пат пред верната публика. Сепак, тој ги шокираше следбениците на Инстаграм кога рече дека мора да го одложи јубилејниот настап.
„Повеќето луѓе можат да се справат со стрептокока, но очигледно не јас. Целосно сум уништен. Со нетрпение го чекав овој концерт многу долго. Жал ми е за непријатностите што ги предизвикав“, напиша тој тогаш, додавајќи дека ќе се врати во „Колосеумот“ следната година.
Инаку, музичарот кон крајот на јули за „Сан“ изјави дека е свесен дека неговите „денови се избројани“, но дека не се плаши.
„Сите мораме да умреме некогаш, сите сме во ист кош. Ќе уживам во последните неколку години колку што можам повеќе. Велам неколку, но мислам веројатно уште 15 години“, рекол Род тогаш.
Тој истакна и дека повеќе не може да се забавува како порано бидејќи сега ги чувствува последиците.
„Деновиве морам да го заштитам гласот пред и после секој настап“, додал тој.
ВИДЕО | Славниот рокер се фати за лопата: Моето Ферари не може да помине низ овие дупки!


