ВИДЕО | Славниот рокер се фати за лопата: Моето Ферари не може да помине низ овие дупки!
Британскиот рок и поп пејач, текстописец и продуцент Род Стјуарт се фати за работа. 77-годишниот рокер со своите соседи веќе не можеле да ги чекаат службите одговорни за поправка на државните патишта и решиле сами да ги пополнат дупките на патот во нивната населба.
Препорачано
„Ова е пат во близина на местото каде што живеам во Харлоу и вака е со години. Пред некој ден на брзата помош ѝ пукна гумата. Моето Ферари воопшто не може да помине одовде. Затоа, момците и јас решивме сами да го поправиме. Значи, ние ги пополнуваме дупките на асфалтот, додека милиони и милиони фунти се потрошени на автопатот М11“, се пожали Стјуарт во видеото што го објави на својот инстаграм-профил.
View this post on Instagram
„Пополнувањето на дупките е добро за душата“, се пошегува тој во описот на видеото.
Неговите обожаватели не можеа да останат имуни на овој потфат на славниот рокер, па видеото предизвика лавина од коментари.
„Браво, Род“, „Немој само да се повредиш, купив билети за твојот концерт“, „Те сакаме легендо“, „Род, ти си легенда! Тој пат беше ноќна мора! Го ценам ова што го правиш“, „Служба за заедницата“, „Добри патики“, му напишаа фановите во коментарите.


