Фото: МВР на Србија / скриншот

Србија вечерва ги враќа Црногорците од граница — одмазда поради патниците вратени од Тиват?

Граничната полиција на Србија вечерва вратила полнолетни државјани на Црна Гора од премините Гостун и Драченовац, неофицијално дознава РТЦГ.

Можно е да станува збор за реципрочни мерки откако денес од аеродромот Тиват беа вратени 87 српски државјани кои беа обележани како лица од безбедносен интерес.

Граѓаните на Црна Гора наводно не можат да ја преминат границата со Србија, поради репресивни мерки што ги усвои власта во Белград по протерувањето на повеќе од 80 српски државјани од аеродромот Тиват поради закани по националната безбедност, изјавија за подгорички „Вијести“ неколку извори од безбедносниот сектор.

Според истите извори, до 19:30 часот, ниту еден црногорски државјанин не преминал во соседната земја на граничните премини Гостун, Јабука и Драченовац на територијата под надлежност на српската полиција.

„Нашата полиција спроведува засилени контроли и, како и обично, влезот е дозволен на сите што немаат безбедносни проблеми. И покрај ова, од 19:30 часот, присуството на српската полиција беше зголемено и тие преземаат засилени мерки само за црногорските државјани… Небаре е забрана“, рече еден од изворите на „Вијести“.

Полициската управа на Црна Гора изјави дека нема информации за овие настани.

87 Срби со криминално досие од аеродромот во Тиват се вратени во Белград — имале задача да го обезбедуваат Вучиќ?

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот