Фото: temnic.info

87 Срби, кои наводно имале криминални досиеја, од аеродромот во Тиват се вратени во Белград — имале задача да го обезбедуваат Вучиќ?

Група од 87 луѓе регистрирани дека се од безбедносен интерес, кои утрово пристигнале во Црна Гора со чартер лет од Белград, се вратени од Тиват во српската престолнина со првиот лет, објави Нова.рс.

„Денеска, како дел од обемните, континуирани и интензивирани активности што се спроведуваат по повод Самитот на ЕУ – Западен Балкан, црногорската полиција спроведе зголемени гранични и безбедносни контроли на граничниот премин Аеродром Тиват, при што беше одвоен и ставен под контрола чартер лет на релација Белград-Тиват, со кој во Црна Гора беа превезени 87 државјани на Република Србија“, се вели во соопштението на Полициската управа, објави „Вијести“.

„По спроведената постапка и преземените службени мерки и дејствија, со решение на Полициската управа е забранет влез во Црна Гора на 87 машки лица, согласно Законот за странци, по што тие се вратени во Република Србија со истиот лет. Исто така, ќе биде покрената одлука за забрана за влез и престој на овие лица во наредниот период“, соопштија полицијата и од Агенцијата за национална безбедност (АНБ).

Авионот „Ембраер Е195“ (регистрација YU-ATC), кој бил изнајмен за чартер лет до Тиват, бил запрен на пистата на аеродромот Тиват.

Извори блиски до Полициската управа наведуваат дека меѓу патниците има луѓе со криминално досие, за кои постои сомневање дека пристигнале неформално за да го обезбедат престојот на српскиот претседател Александар Вучиќ за време на Самитот на Европската унија и Западен Балкан во Тиват мкој ќе се одржи во петок, на 5 јуни.

Брнабиќ мисли дека Вучиќ е повлијателен во светот отколку што бил Тито

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот