Архива на сп

Државни клиники ќе ги одвикнуваат младите Турци од пушење цигари

Турското Министерство за здравство соопшти дека отворa нови специјализирани клиники кои ќе обезбедуваат индивидуализирано лекување и советување за млади на возраст од 12 до 18 години што сакаат да се откажат од пушењето, пишува „Дејли сабах“.

Во моментов вакви специјализирани клиники работат во седум центри во турските области Агри, Анкара, Бурса, Чанакале, Чорум и Ќутахја, а Министерството за здравство планира постепено проширување на мрежата низ целата земја.

Во рамките на пошироката национална програма за борба против пушењето, во Турција во последните години се отворени вкупно 1.600 клиники кои обезбедуваат поддршка за граѓаните што сакаат да се ослободат од оваа зависност.

Неодамна весникот „Хуриет дејли њуз“ објави дека владејачката Партија на правдата и развојот (АКП) и Министерството за здравство подготвиле предлог-закон со кој се предвидуваат нови ограничувања за пушачите, вклучително и целосна забрана за продажба на сите тутунски производи во Турција од 1 јануари 2040 година.

Турција е земја со најголем удел на секојдневни пушачи меѓу членките на ОЕЦД – 28,3 отсто од населението постаро од 15 години, речиси двојно повеќе од просекот во организацијата. Според процените на Светската здравствена организација (СЗО), тутун користат околу 31 отсто од возрасните во земјата. Пушењето е особено распространето меѓу мажите, кај кои стапката надминува 40 отсто. И покрај строгите забрани и другите мерки против тутунот, навиката останува длабоко вкоренета во турското општество.

Британските пратеници изгласаа доживотна забрана за пушење за луѓето родени по 2008 година

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот