океан море
Фото: Pexels

Многу силен земјотрес во Мексико, издадено е предупредување за цунами

Земјотрес со јачина од 7,3 степени ја погоди областа во морето во близина на брегот на Чијапас, Мексико, соопшти Американскиот геолошки завод, додавајќи дека се можни „опасни“ бранови во радиус од 300 км од епицентарот. Следете ги најновите информации.

Одговорни лица во јужната мексиканска држава Оахака изјавија дека земјотресот бил почувствуван со „умерен интензитет“ во главниот град на државата, а засега нема информации за посериозна штета.

Издадено е предупредување за цунами по невообичаено силниот потрес.

Поширокиот регион на Средна Америка неодамна го погодија два едноподруго разорни земјотреси, оние во Венецуела на крајот на минатиот месец, а бројот на жртвите се искачи на над 4.300.

Бројот на загинати од разорните земјотреси во Венецуела надмина 4.300

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот