Туркиш Ерлајнс/Фото: EPA-EFE/GEORG WENDT

Патник не сакал да седи до жена па се повикал на „шеријатскиот закон“ — ја удрил стјуардесата зашто не му дозволила да се премести

На лет на „Туркиш ерлајнс“, кој летал за Дизелдорф во Германија, се случил инцидент во кој патник ја удрил стјуардесата откако таа одбила да го премести на друго седиште, објави германски Билд.

Патникот не сакал да седи на своето обележано место, бидејќи до него имало жена. Тој се повикал на шеријатскиот закон и побарал друго седиште, но стјуардесата одбила да го премести.

Во тој момент, според сведоците, мажот ја удрил стјуардесата.

Веднаш по слетувањето на авионот на аеродромот во Дизелдорф, полицијата била повикана по пријава за напад. Федералната полиција во Германија спроведува детална истрага, а мажот признал дека ја удрил стјуардесата.

Инцидентот се случил на 1 јули годинава, а осомничениот е 29-годишен Германец со турско потекло.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот