Фото: илустрација / полиција, убиство

Доживотен затвор за синот кој лани ѕверски ја уби својата мајка во Богданци

Гевгелискиот суд му одреди доживотна казна затвор на Петар Станковски од Богданци, кој лани ѕверски ја уби својата мајка додека се расправале за неговото лекување. На обвинетиот му се судеше за кривичното дело „убиство на свиреп начин при семејно насилство“.

40-годишниот Станковски ја призна вината, по што судот ја донесе пресудата. Притворот му е продолжен до правосилноста на пресудата, која е првостепена, соопштија од судот.

Обвинетиот го сторил убиството на 11 јануари годинава во Богданци вечерта околу 21 часот, а следниот ден сам се пријавил во полиција.

„Во станот во Богданци, каде што живееле под закуп, мајката и синот започнале расправија околу лекувањето на обвинетиот. Во еден момент, тој зел нож од кујната, со кој ѝ нанел повеќе убоди на мајката во главата и вратот. Бидејќи ножот се скршил, зел ножици и со нив продолжил да ѝ задава убоди, па откако и тие се свиткале, од кујната зел друг нож за сечење зеленчук со шилест дел, со кој ја прободел во вратот. Од бројните убоди жената искрварила и починала“, пишува во обвинението на ОЈО Гевгелија.

Детали за ужасот во Богданци: Синот-убиец и мајката се расправале за неговото лекување

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот