Фото: Слободен печат

До 20 октомври останува на сила кризната состојба за нафта и нафтени деривати

Владата на денешната седница донесе одлука да го продолжи рокот на кризната состојба поради можни нарушувања во снабдувањето со нафта и нафтени деривати. Новиот рок ќе важи од 21 јули до 20 октомври. Според Владата, продолжувањето на кризната состојба има за цел да обезбеди континуитет во институционалното постапување и навремено реагирање доколку дојде до прекини во снабдувањето или до значителни ценовни шокови на меѓународните пазари.

-Со оваа одлука Владата располага со правен механизам за брза и ефикасна реакција, со цел да се зачува стабилноста во снабдувањето, да се ублажат последиците од евентуални пазарни нарушувања и да се заштитат интересите и животниот стандард на граѓаните и стопанството- соопшти владината прес-служба.

Одлуката, по завршување на владините процедури, ќе биде доставена до Собранието на разгледување и усвојување, согласно законските надлежности. Од Владата најавуваат дека и натаму внимателно ќе ги следат состојбите на домашниот и меѓународниот енергетски пазар и, доколку биде потребно, ќе преземат дополнителни мерки за обезбедување стабилно и непречено снабдување со нафта и нафтени деривати.

Нов скок на цените на нафтата

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот