Герила акција - Заштити ги својте податоци - Фото Слободен печат - Методи Здравев
Герила акција - Заштити ги својте податоци - Фото Слободен печат - Методи Здравев

ГАЛЕРИЈА | Кондом висок над два метри е поставен на кејот: „Како што го штитиме нашето здравје, да ги штитите и личните податоци“

Кондом висок повеќе од два метри е поставен на кејот на Вардар како дел од новата урбана уметничка акција на групата „Урбани уметнички акции“, со цел заштита на личните податоци и подигнувањето на свеста за можните последици од нивната злоупотреба. Кондомот е висок 2,2 метри и широк 60 сантиметри, во кој се поставени зголемени принтови од лични карти, возачки дозволи, кредитни картички и други документи што содржат лични и чувствителни податоци.

Герила акција - Заштити ги својте податоци - Фото Слободен печат - Методи Здравев
Герила акција – Заштити ги својте податоци – Фото Слободен печат – Методи Здравев

Идејата на акцијата е кондомот, како едно од најпрепознатливите средства за заштита, да се искористи како јасна и директна визуелна метафора за потребата од посериозен и повнимателен однос кон сопствените лични податоци.

„Како што се заштитуваме себеси и сопственото здравје, така треба да ги заштитуваме и информациите преку кои може да бидат загрозени нашата приватност, идентитет и финансиска сигурност“, велат од групата.

Герила акција - Заштити ги својте податоци - Фото Слободен печат - Методи Здравев
Герила акција – Заштити ги својте податоци – Фото Слободен печат – Методи Здравев

Оттаму додаваат дека секојдневно сè поголем број граѓани се соочуваат со различни форми на злоупотреба на личните податоци, како и дека во полесните случаи тоа подразбира несакани електронски пораки, телефонски повици, реклами и претплати за кои граѓаните не дале согласност. Во посериозните случаи, велат дека последиците можат да бидат кражба на идентитет, злоупотреба на платежни картички, празнење банкарски сметки, склучување договори или подигнување брзи кредити во туѓо име.

Герила акција - Заштити ги својте податоци - Фото Слободен печат - Методи Здравев
Герила акција – Заштити ги својте податоци – Фото Слободен печат – Методи Здравев

„Со оваа урбана уметничка интервенција сакаме да ги потсетиме граѓаните дека личните документи, броевите од платежните картички, лозинките, матичниот број и другите лични информации не треба да се споделуваат непромислено, ниту да се испраќаат на непроверени лица, интернет-страници и профили на социјалните мрежи“, посочуваат од „Урбани уметнички акции“.

Преку едноставен, препознатлив и провокативен визуелен јазик, акцијата ја испраќа пораката дека заштитата започнува од секој од нас. Само со внимателно однесување и со поголема свест за вредноста на личните информации можеме да го намалиме ризикот од измами и други форми на злоупотреба. Акцијата е поставена на кејот на реката Вардар во близина на Камениот мост.

ФОТО | Боксерски вреќи за „истурање на бесот“ низ Скопје, иницијатива против меѓуврсничкото насилство

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот