Горан Герасимовски/ Фото: Слободен печат - Слободан Ѓуриќ

Герасимовски: Откако ќе се прошири „Јохан Хајнрих Песталоци“, целосно се воведува едносменска настава во основните училишта во Центар

На продолжението на 9. седница на Советот на Општина Центар денеска ја изгласа одлуката предложена од градоначалникот Горан Герасимовски за изработка на проект за доградба на ООУ „Јохан Хајнрих Песталоци“, со што откако ќе бидат изградени дополнителните училници, во основните училишта во Центар целосно ќе се воведе едносменска настава

„Ова е значаен момент за образованието во Центар. Со доградбата на ООУ „Јохан Хајнрих Песталоци“ не само што ги зголемуваме капацитетите на училиштето, туку конечно го исполнуваме и едно од нашите најважни ветувања, сите основни училишта во Општина Центар да преминат на едносменска настава“, изјави Герасимовски.

Тој додаде дека со реализацијата на овој проект значително ќе се зголемат просторните капацитети на училиштето, ќе се обезбедат современи услови за учениците и наставниот кадар, а конечно ќе се создадат услови наставата да се одвива исклучиво во една смена.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот