Советниците на ДУИ „напуштија терен“ во Тетово, Вреди и ВМРО-ДПМНЕ не дозволија имињата на улиците да бидат прва точка на дневниот ред
Советниците од ДУИ ја напуштија денешната седница на Советот на Општина Тетово со транспаренти во рацете, во знак на незадоволство од тоа што расправата за промената на имињата на улиците не беше ставена како прва, туку како последна точка на дневниот ред, пренесе ТВ „24“.
Препорачано
Ова се случува откако пред еден месец, Уставниот суд ја укина Одлуката на Општина Тетово за преименување на повеќе улици во градот, донесена во далечната 2007 година од локалната власт под тогашна контрола на ДУИ.
Претходно, 22-ца советници гласаа иницијативата да се прифати и таа да се најде на дневниот ред, но советниците на ДУИ инсистираа таа да биде првата по ред точка.
На ова одговори советникот од Левица, Боби Илиевски, кој им порача дека не може селективно да се повикуваат на Рамковниот договор, а истовремено да ја игнорираат законската процедура.
Седницата потоа продолжи со жестока политичка расправа, во која советниците се расправаа околу тоа кој собира, а кој губи политички поени.
Уставниот суд ја укина одлуката со која беа сменети имиња на улици во Тетово во 2007 година


