Двајца Чеси се во притвор во Хрватска: нашле паричник со 45.300 евра, ем го задржале, ем испариле 6.100 евра

Двајца чешки државјани завршиле во притвор откако пронашле паричник со 45.300 евра во Мали Лошињ, Хрватска, но не му го вратиле на сопственикот. Наместо тоа, ги присвоиле парите, а дел од сумата сè уште недостасува, објавија хрватските медиуми.

Според сомневањата на истражителите, мажите пронашле паричник кој му паднал на сопственикот и го задржале. Кога полицијата ги пронашла, целиот износ повеќе не бил во паричникот. 6.100 евра исчезнале, а полицијата утврдува каде завршиле исчезнатите пари.

Против двајцата Чеси е покрената истрага под сомнение за кривично дело затајување, а истражниот судија им изрекол притвор поради ризик од бегство, бидејќи се странски државјани.

Во своја одбрана, Чесите изјавиле дека не ги зеле исчезнатите 6.100 евра.

 

Хрватската полиција трага по необичен крадец

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот