Борис Надеждин / Фото EPA-EFE/MAXIM SHIPENKOV

Уапсен е човекот кој сакаше да го собори Путин

Антивоениот руски политичар Борис Надеждин, кој се обиде да се кандидира против претседателот Владимир Путин на претседателските избори во 2024 година, изјави дека бил приведен од полицијата само неколку дена откако властите го етикетираа како „странски агент“, објавија руските медиуми.

Надеждин, поранешен либерален член на рускиот парламент од 1999 до 2003 година, напиша на Телеграм: „Полицијата дојде“, додавајќи дека е однесен во полициска станица во неговиот роден град Долгопрудни, северно од Москва, објави Ројтерс.

Руските медиуми го цитираа неговиот адвокат кој изјавил дека Надеждин е обвинет за прикажување екстремистички симбол. Не е јасно на кој симбол се однесуваат обвинувањата.

Противник на војната во Украина, Надеждин се обиде да се регистрира како кандидат на претседателските избори во Русија во 2024 година, но беше блокиран од изборната комисија, наведувајќи грешки меѓу 105.000 потписи на гласачи што ги поднел.

Надеждин беше етикетиран како „странски агент“ од Министерството за правда на Русија во петокот, законска ознака што е широко користена против критичарите на Кремљ.

Рускиот политичар Надеждин кој е против украинската војна доби забрана за учество на изборите

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот