Австралиска рударска компанија „намирисала“ многу злато и сребро во Србија

Австралиската рударска компанија Middle Island Resources објави нови резултати од истражувачкото дупчење на проектот Бобија кај Љубовија, Србија, кои покажуваат постоење на плиток минерализиран систем богат со злато, сребро и обоени метали, објави РТС.

Во втората фаза од истражувањата биле изведени 17 бушотини со вкупна должина од 1.363 метри, при што е потврдена широка минерализација во централниот, северниот и западниот дел од наоѓалиштето. Според компанијата, овие зони се поврзани во еден голем систем кој се протега на околу 80.000 квадратни метри.

Како еден од најзначајните резултати е издвоена бушотината BMLRC022, каде што на само еден метар длабочина е откриен интервал од 41 метар со просечна содржина од 1,03 грама злато и 52,9 грама сребро по тон руда, како и присуство на бакар, олово и цинк.

Генералниот директор на австралиската компанија, Питер Спајерс, оценил дека Бобија „брзо се развива во големо плитко наоѓалиште на злато и сребро“, посочувајќи дека секое подрачје истражено досега покажало обемна минерализација близу до површината, додека границите на системот сè уште не се утврдени.

Според него, претходните истражувања првенствено биле фокусирани на оловот и цинкот, додека златото и среброто биле претежно занемарени.

Новото дупчење, како што изјавил тој, покажале дека токму златото и среброто го сочинуваат доминантниот дел од минерализираниот систем на Бобија.

Компанијата објави дека минерализацијата останува отворена кон исток и запад и дека ја подготвува третата фаза од истражното дупчење, кое ќе има за цел да го испита понатамошното проширување на лежиштето кон север и југ, како и континуитетот помеѓу централната, западната и северната зона.

Србија ги враќа сите златни резерви дома

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот