Си-ен-ен: Како еден сиромашен Британец случајно отрул девојка со руски „Новичок“
Кошмарот на Британецот Чарли Роули започнал кога пронашол шише парфем во кутија со работи оставени за хуманитарна помош и решил да ја израдува својата девојка со него. Ќе се испостави дека мирисот без мирис не е парфем, туку рускиот нервен агенс „Новичок“ што бил употребен за труење на рускиот двоен агент Сергеј Скрипал и неговата ќерка само три месеци претходно во блискиот Солсбери, пишува Си-ен-ен.
Препорачано
Во јуни 2018 година, Чарли пронашол мала картонска кутија во корпа со предмети оставени за хуманитарна помош во Ејмсбери, Англија. Внатре имало шише завиткано во пластика, со етикета „Нина Ричи“. Убеден дека некој фрлил шише парфем што не му се допаѓал, Чарли го зел и го однел дома за да ја изненади својата девојка Дона Стерџис (44), изјавил Британецот во интервју за Си-ен-ен.
Она што не го знаел е дека шишенцето го содржело истиот нервен агенс за кој истражителите верувале дека руските агенти го користеле три месеци претходно за да го отрујат поранешниот шпион Сергеј Скрипал во блискиот Солсбери.
„Таа го испрска парфемот во воздух, го помириса, а потоа го испрска на зглобот. Набрзо рече дека се чувствува чудно“, рече тој.
Дона се пожали на главоболка, а потоа отишла во бањата, каде се онесвестила.
„Се обидов да ја оживеам, но попусто“, раскажал Британецот.
Дона Стерџис починала 10 часа подоцна.
До крајот на денот, Роули бил облеан во пот, се нишал напред-назад затоа што рускиот нервен отров дејствуваше и врз него. Паднал во кома и бил во болница со недели, со малку сеќавања на тоа што се случило. Откако ја напуштил болницата, доживеал мозочен удар, поради што повторно бил хоспитализиран подолг временски период.
„Кој знаеше дека шпион живее во Солсбери? Беше шок. Кој би помислил дека отров ќе се појави во шише парфем“, рекол тој.
Осум години подоцна, Британецот сè уште се бори да опише со зборови што се случило тој ден во документарецот на Си-ен-ен „Труења од Солсбери: Шпион од соседството“.
Тој рекол дека се сеќава дека било невообичаено што распрскувачот бил одделен од шишенцето со парфем и дека морал да го отстрани капачето и да ги спои. Кога Дона го испрскала парфемот на раката, забележала дека има мрсна текстура и нема мирис. Британецот рекол дека тогаш му станало многу чудно тоа што парфемот немал мирис.
„Тоа шишенце содржело доволно отров за да убие 10.000 луѓе“, изјавил за Си-ен-ен Нил Басу, поранешниот шеф на британската контраразузнавачка служба.
Чарли и Дона се забавувале околу една година и се запознале во објектот за бездомници каде што живеел Стерџис. Раули се преселил во нов сместувачки капацитет и го опремувал за заеднички живот. Редовно носел работи што ги наоѓал во контејнери, а особено сакал да најде нешто што ќе биде подарок за Дона и што ќе ја направи среќна, рекол тој во документарецот.
Солсбери е живописен англиски град кој во март 2018 година се најде во центарот на светското внимание откако две лица беа пронајдени во несвест на клупа во центарот на градот – поранешниот руски шпион Сергеј Скрипал и неговата ќерка Јулија. По неколку недели во критична состојба, таткото и ќерката успеаја да преживеат.
Скрипал некогаш работеше за руската воена разузнавачка служба, но во исто време шпионирал и за британската МИ6.
Путин стои зад труењето на Скрипал и неговата ќерка во 2018 година, заклучува британската истрага


