ВИДЕО | Гори кај познатото одморалиште Химара — 170 пожари за 10 дена во Албанија
Голем пожар изби кај Химара, каде во моментов освен месното население има и илјадници туристи кои го поминуваат својот одмор во оваа познато одморалиште во Албанија, објавија албанските медиуми.
Препорачано
Огнот се шири во областа Љаман, во атарот на познатото одморалиште Химара, на југот на Албанија. Во гаснењето на огнот вклучени се противпожарни возила од неколку соседни градови, припадници на полицијата и армијата. Засега нема пријава за повредени лица или загрозени домови. Според Националната агенција за цивилна заштита, само во последните дваесет дена регистрирани се 170 пожари.
Според позитивните законски прописи на Албанија, намерното палење е казниво со затвор од пет до осум години кога е сторено во текот на летната сезона, во услови што го олеснуваат ширењето на пожарот или во близина на населено место.
Казна затвор од четири до 10 години е предвидена за намерно предизвикување пожар кога влијае на заштитени подрачја, места на културно наследство, култни места, културни споменици или критична инфраструктура, додека казната достигнува од седум до 15 години затвор кога палењето е сторено со цел промена на категоријата или намената на земјиштето.
ВИДЕО | Пожари во Албанија, критично во регионите со грчко малцинство


