Фото скриншот
Фото скриншот

Ново вознемирувачко видео од меѓуврсничко насилство во Куманово: Девојче опколено во ќош и удирано со шлаканици и клоци

Ново вознемирувачко видео од меѓуврсничко насилство, овојпат во Куманово, пристигна во „Слободен печат“. Претходно видеото го објави серијалот „Без цензура“ на новинарката Лиридона Вејсели.

Станува збор за настан кој според нашите информации се случил пред 1 месец, а во полициска станица Куманово имало обид да биде пријавен вчера, но девојчето што е жртва, дури денеска е примено на разговор во полиција. На видеото девојчето е брутално удирано од три други девојчиња, од кои едното според нашите информации има 19 години, со повеќе шлаканици и клоци. Во еден момент сторителките ја кубат за коса жртвата, оттурнуваат во ѕидот додека таа е во шок. Иницијално, овој напад е објавен на социјалната мрежа „снепчет“ со опис „кога ќе ме пцуеш, ќе јадеш и ќотек“.

Во врска со објавеното видео за кое прашувате ве известуваме дека СВР Куманово во координација со ОЈО Куманово презема мерки и активности за расчистување на случајот по што соодветно ќе ја известиме јавноста, одговорија од МВР за „Слободен печат“.

Ова е вторпат месецов да бидат обелоденети вакви немили сцени каде малолетнички се тепани од врснички и малтретирани, а потоа понижени на начин што снимките завршуваат на социјалните мрежи. Во скопската населба Аеродром, жртва беше девојче кое беше натерано да клекне на коленици и да се извинува, да каже дека нема да го пријави настанот во полиција, беше удирано со шлаканици и снимано, а настанот го поттикнуваше поголема група малолетници кои снимаа со мобилни телефони.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот