Генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ, Драган Ковачки и претседателот на ПОДЕМ, Живко Јанкулоски, на свеченоста во Битола / Фото: ПОДЕМ / Фејсбук

Партијата ПОДЕМ уште постоела — во Битола одбележа 18 години од основањето

Партијата на обединети демократи на Македонија (ПОДЕМ) денес во рестиранот „Лозар“ во Битола свечено го одбележа 18-годишниот јубилеј од своето основање, под мотото „Искуство. Визија. Одговорност.“, во присуство на основачите, членовите, претседателите на општинските организации, коалициските партнери и бројни гости, јави порталот „Битола њуз“.

Во своето обраќање, претседателот на ПОДЕМ, проф. д-р Живко Јанкулоски, рекол дека изминатите осумнаесет години претставуваат период во кој ПОДЕМ „изгради препознатлив политички идентитет, заснован врз знаење, чесност, умереност и одговорност“.

Јанкуловски беше пратеник во Собранието од редовите на СДСМ од 1994 до 1998 година, за потоа, како дел од НСДП на Тито Петковски, да биде вицепремиер во првата влада на Никола Груевски, од 2006 до 2008 година.

На присутните на вечерашната свеченост им се обратил и генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ, Драган Ковачки, кој го честитал значајниот јубилеј и ја истакнач „улогата на ПОДЕМ како стабилен и доверлив коалициски партнер“, пишува „Битола њуз“.

СДСМ нема да учествува на координативна средба за Изборниот законик, објавија од „Бихаќка“

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот